Шпанскиот фудбалски шампион Барселона, денеска го потврди трансферот на Жуниор Фирпол кој беше купен од екипата на Реал Бетис за сума од 18 милиони евра плус бонуси во висина од 12 милиони во зависност од успесите на клубот.
Фирпо кој во редовите на Каталонците ќе му биде конкуренција на Жорди Алба, потпиша договор за пет сезони што значи дека ќе остане на „Камп Ноу“ до 2024 година.
Неговиот нов тим веднаш му постави и неверојатна откупна клаузула во висина од 200 милиони евра.