Фудбалерот, Жуниор Мораеш, кој синоќа ги постигна двата гола за Шахтјор на мечот со Лион кој заврши 2 спрема 2 во Лигата на шампионите, вели дека неговиот состав бил подобар во првиот дел.
„Натпреварот го започнавме многу добро. Игравме многу организирано, покажавме добар фудбал. За жал, во второто полувреме ја изгубивме концентрација. Во Лигата на шампионите тоа е голема грешка, Лион не казни со два погодока“ – потенцираше Мораеш.
„Треба да се учиме од нашите грешки. Лион има големи играчи, навистина беше одлично кога ги дадов головите” – изјави по натпреварот Жуниор.