Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, не крие дека е задоволен од вчерашната победа против РБ Салцбург во Лигата на шампионите.
„Мораме да продолжиме да постигнуваме голови. Секогаш сакаме да постигнеме повеќе. Затоа мора да продолжиме да играме како вечерва“ – рече напаѓачот на „кралевите“.
„Среќен сум што сум прогласен за играч на натпреварот, но, мислам дека Родриго и Џуд одиграа многу добро. Најважно е тимот да победи“ – рече играчот од Бразил.

