Фудбалерите на Реал Мадрид кои вчера загубија од Тотенхем со минимални 1:0 на „Ауди Купот“ во Минхен, денеска ќе играат за третото место против турскиот Фенербахче.
Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан, кој се соочува со повреди на неколку фудбалери и кој беше видно изнервиран по мечот, очекувано доби прашања поврзани со Герет Бејл и Хамес Родригез.
„Не знам што ќе се случи со Хамес. Ние сме во Минхен, тренираме и играме – само тоа ме интересира. Бејл? Тој не дојде со нас затоа што не беше подготвен. Не се чувствуваше добро и откако разговаравме со лекарите решивме дека е најдобро да остане во Мадрид. До 31 август сè може да се случи“ – нагласи Зидан.