Фудбалерите на Реал Мадрид вчера реализираа пријателски натпревар со Рома а нивниот тренер, Зинедин Зидан, излезе со изненадувачки коментар за иднината на Герет Бејл и Хамес Родригез.
Иако репрезентативецот на Велс и младиот голгетер од Колумбија во текот на летото беа континуирано поврзувани со трансфери во други тимови, сега францускиот стратег очигледно ја променил одлука и не сака да се ослободи од нивните услуги.
„Хамес и Бејл се дел од екипата. Се може да се случи до крајот на преодниот рок, но, тие се дел од Реал. Јас ги планирам сите фудбалери со кои располагам“ – изјави Зидан.