Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, нагласи дека максимално се искористени деновите за тренинг откако Ла Лига најави рестарт на сезоната и даде дозвола да се работи во помали групи.
„Беше добра недела, можевме да работиме со повеќе играчи. Се фокусираме на тактичкиот, техничкиот и физикиот дел“ – вели Французинот со надеж дека неговиот тим ќе ја добие битката со Барселона и ќе стане шампион на Шпанија.
„Ќе дадеме се од себе да го освоиме трофејот, тое е во нашата ДНК. Има уште 11 кола до крајот “ – вели тренерот на „кралевите“.