Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ги објави двете главни цели за кои раководството на клубот треба да ги фокусира своите напори ова лето.
Според весникот „АС“, станува збор за големата ѕвезда на Челзи Еден Азар и играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба. Истата информација вели дека првично најголемата желба на Зидан била напаѓачот на ПСЖ, Килиан Мбапе. Сепак, од ПСЖ цврсто одбиваат да се разделат со својата млада ѕвезда ова лето, така што од Реал мислат да се обидат во летото 2020 година.
Ситуацијата со Еден Азар на прв поглед се чини подобра за Реал, бидејќи белгискиот фудбалер има договор со Челзи кој истекува за една година. Бидејќи тој нема да го обнови договорот, лондончарите ќе мора да се согласат да го продадат по прифатлива цена, во спротивно ризикуваат да го загубат речиси без пари. Проблемот ќе дојде од друга страна поради ембаргото за трансфер наметнато за англискиот клуб. Поради ова, од „Бернабеу“ ја чекаат конечната одлука дали Челзи ќе може да купува ова лето. Таквиот развој дополнително ќе го олесни трансферот на Азар.
Што се однесува до Погба, Манчестер Јунајтед не сака да се раздели со Французинот, кој ги покажа своите вистински квалитети по доаѓањето на Оле Гунар Солскјеер. Неодамна Погба рече дека сите сонуваат да играат во Реал под раководство на Зинедин Зидан.
Вчера, Солскјер изјави дека Пугба се чувствува среќен на „Олд Трафорд“ и не сака да замине. Ако Погба одлучи да го притисне клубот за трансфер, тогаш во понудата за него можат да бидат вклучени Герет Бејл или Тони Крос, додава весникот „АС“.