Џонатан Барнет кој му е агент на Герет Бејл, реагираше на изјавата на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој по пријателскиот меч со Баерн Минхен, изјави, дека Велшанецот треба веднаш да го напушти тимот.
„Срамно е Зидан да зборува на таков начин за играч кој му даде толку многу на Реал. Ако Бејл си замине тоа ќе биде затоа што сака а не да му ја исполни желбата на Зидан“ – рече Барнет.
Ќе потсетиме дека Бејл кој четири пати ја освои Лигата на шампионите во дресот на „кралевите“, има пехар од Примера, од светскиот клупски шампионат, од Шпанскиот Куп, Супер Купот на Шпанија а три пати се радуваше на Супер Купот на Европа.