Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, воопшто не стравува за неговата позиција иако „кралевите“ претрпеа два врзани пораза на домашен терен.
Прво загубија во Примера од аутсајдерот Кадиз а потоа и од украинскиот Шахтјор Донецк во Лигата на шампионите. „Белите“ сега ги чека големото дерби со Барселона а Французинот е убеден дека нема причина за загриженост.
„Критиките кон тренерот се нормална работа кога тимот не победува. Мислам дека на дуелот против Барселона ќе се покажеме во најдобро издание“ – потенцираше Зидан пред утрешното Ел Класико на „Камп Ноу“ закажано во 16 часот.

