Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја анализираше полуфиналната средба од шпанскиот Суперкуп со Валенсија (3:1).
„Можевме да играме со крила, но решив Иско и Модриќ да обијат повеќе простор и знаев дека ќе бидат покорисни. За нас беше важно активно да притискаме и да играме добро во нивната половина од теренот. Сите играчи покажаа добро ниво на игра, тешко е да се издвои еден. Среќен сум за Иско. Фантастични беа головите на Крос и Модриќ. Тренерот сака да го види тоа од неговите играчи, но сè уште не сме го освоиле трофејот. Јовиќ имаше добра игра, напорно работеше. Не е лесно кога ќе добиете малку време за играње. Тој би сакал да постигне гол, но многу е важно каква работа завршил на теренот. Тој ја даде целата своја сила на теренот “, изјави Зидан.
Во финалето кое се игра на 12.јануари, реал Мадрид ќе игра против подобриот од дуелот Барселона – Атлетико Мадрид кој се игра вечерва.

