Реал Мадрид доцна синоќа ремизираше на домашен терен со Севилја (2:2) и ја пропушти шансата да се пробие на првото место на табелата во најсилниот фудбалски шампионат на Шпанија.
„Кралевите“ се спасуваат во судиското продолжение откако гостите од Месталја во два наврата има предност, но, не го издржаа последниот налет на домаќините. Веднаш по мечот тренерот на мадриѓани, Зинедин Зидан, не криеше дека е бесен на судиските одлуки.
„Јас видов две играња со рака, едно во нашиот шеснаесетник и едно во шеснаесетникот на Севилја. Судиите покажаа пенал само за противникот односно само за едната ситуација. Лут сум, некој треба да ми го објасни правилото за играње со рака“- изјавил Зидан.

