Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан мирно го прифати поразот и елиминацијата од третолигашот Алкојано во Купот на кралот. Реал загуби по продолженијата со 1:2, а решавачкиот погодок за домаќините беше постигнат во 115-та минута, кога веќе беа со играч помалку.
„Сакавме да победиме, играчите се обидоа. Кога имате шанси и не ги користите, може да се случи она што се случи денес. Ситуацијата е непријатна, испаднавме, но не можам да ги обвинувам играчите што не се залагаа. Јас ја преземам одговорноста, да постигневме втор гол, сè ќе беше поинаку. Ова е фудбал. Голманот на противникот направи 2-3 важни одбрани. Сепак, одговорноста е моја”, изјави Зидан.
Реал Мадрид по петти пат во својата историја беше елиминиран од тим од третата лига. Тоа првпат се случи во сезоната 2000/01 против Толедо. Во 2008/09 Мадрид не успеа против Реал Унион, во 2009/10 испаднаа од Алкоркон, а во 2015/16 беше елиминиран по службен пат поради неправиле настап на играч против Кадиз.

