Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не криеше дека е презадоволен од синоќешниот натпревар против Јувентус а посебно од тоа што го покажа Кристијано Роналдо.
„Кралевите“ во првиот меч од 1 /4 финалето победија со убедливи 3-0 на стадионот во Торино а вториот гол на Португалецот кога со ножички го совлада Буфон е еден од најубавите во историјата на ЛШ. Веднаш по мечот новинарите го прашаа Зидан кој гол е поубав – неговиот против Леверкузен или тој што го даде Роналдо.
„Ох, мојот. Дефинитивно мојот.“ – порача Зидан низ смеа а потоа додаде :Не е лесно да постигнеш три гола против Јувентус. Роналдо секогаш има желба да направи нешто неверојатно“ – изјави францускиот тренер.