Медиумите во Шпанија објавија дека тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, нема намера да се откаже од идејата да го купи фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.
Стратегот од Франција и во текот на летото имаше намера да го ангажира неговиот сонародник, но, „црвените ѓаволи“ не сакаа да се разделат со големата ѕвезда. Тие намерно поставија неверојатна голема трансферна цена само за да ги откажат „кралевите“ од идејата да го купат Погба.
Сега целата работа се очекува да ја реши агентот задолжен за трансфери, Мино Раиолоа, кој треба да ги убеди челниците од „Олд Трафорд“ да го ослободат од обврските неговиот клиент и да му дозволат да замине во Примера Дивизион.

