Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, се обиде да го објасни неговиот потег на полувремето со Бриж на вчерашниот меч во ЛШ кога во соблекувалната го остави првиот голман Куртоа и на теренот го уфрли Ареола.
„Резултатот е многу лош но, задоволен сум од реакцијата во вториот дел. На Куртоа не му беше добро и не можеше да продолжи во вториот дел. Не сум загрижен за него. Можеме да го обвинуваме за првото полувреме кое го одигра но, не само него. Сите бевме виновни, јас на прво место“ – вели францускиот стратег.
„Кралевите“ иако ја имаа улогата на големи фаворит, на крајот мораа да спасуваат бод против тимот од Белгија кој остави одличен впечаток на –„Сантијаго Бернабе“ и одигра нерешeно 2:2.