Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан може да ја продолжи професионалната кариера во Италија, објавија медиумите во Шпанија.
Истите тврдат дека Јувентус е заинтересиран за услугите на 48-годишниот француски тренер. Се вели дека претставници на клубот од Торино веќе стапиле во контакт со Зинедин Зидан. Да потсетиме, главен тренер на Јувентус е Андреа Пирло. Минатата сезона, Реал Мадрид под водство на Зидан стана шампион на Шпанија. Оваа сезона, клубот од Мадрид има 49 поени на 23 средби и е на 2-то место на табелата во Ла Лига.
Јувентус има 42 поени на 21 натпревар и е на 4-то место на табелата што е разочарување за навивачите на оваа екипа.

