Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го објави списокот на играчи за утрешниот првенствен мечпротив Леганес во рамките на 11 коло во Примера Дивизион.
Во групата од 19 фудбалери ги нема Винициус Жуниор и Хамес Родригез. Бразилецот се оправи од повредата, но, според францускиот стартег не е подготвен да пружи максимум на теренот. Герет Бејл, исто така, нема да игра. Велшанецот деновиве ја искористи шансата да се упати во Лондон и да се сретне со неговиот агент задолжен за транфери.
Во тимот на „кралевите“ сигурно ќе бидат: Карвахал, Тони Крос, Лука Модриќ, Еден Азар и Лукас Васкез додека Алваро Одриосола е казнет откако заработи исклучување на средбата со Мајорка.

