Фудбалерите на Реал Мадрид доцна синоќа одиграа нерешено на домашен терен со Селта 2 спрема 2 со што загубија два драгоцени бода во трката со Барселона за шампионската титула во Примера Дивизион.
„Кралевите“ иако беа во негатива по првиот дел со 1:0, успеаа да дојдат до предност од 2:1, но, ја загубија во самиот финиш кога гостите го изедначија резултатот и го избегнаа поразот. Тренерот на „белите“, Зинедин Зидан, вели дека е тешко кога се губат бодови иако неговите фудбалери одиграа добар меч.
„Боли кога ќе загубите два бода на домашен терен а сте одиграле добар меч. Селта е тим кој не заслужува да биде на дното на табелата. Среќен сум поради Азар, одигра 70 минути, одработи одличен натпревар“ – изјави Зидан.