Предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше задоволен од победата над Аталанта од 1:0 во првиот 1/8 финален дуел во Лигата на шампионите.
Шпанците играа со човек повеќе од 17 минути, но нивниот успех дојде во финишот со голот на Ферлан Менди. За тренерот, сепак, најважна е победата и особено голот на гостински терен.
„Аталанта е многу силна физички и добро се снајде во одбраната. Остваривме добар резултат и тоа е најважно. Мислам дека немаме проблем со креативноста во нападот, затоа што постигнавме гол и во исто време не примивме. Промашивме многу шанси, но мислам дека сме на добар пат. Застанавме добро во одбраната и не му дадовме никакви можности на противникот”, рече Зидан.
„Беше тежок дуел, но на крајот резултатот беше добар. Не покажавме најдобра игра иако игравме 11 наспроти 10, но најважен е резултатот и особено голот на гостински тере. Да не заборавиме дека има реванш во кој треба да играме на победа“, додаде Французинот.

