Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан мирно го прифати поразот со 2:3 од Севиља во последниот дуел од 34-то коло во Ла Лига.
„Кралскиот клуб” излезе со доста променет состав на „Рамон Санчез Писхуан”, бидејќи Зидан даде одмор на седум главни играчи, со што јасно покажа дека дава приоритет на финалето во Лигата на Шампионите, а не домашниот шампионат, бидејќи Барселона веќе ја обезбеди титулата.
„Не ми е жал за ротациите. Имаме повеќе натпревари и на играчите им треба пауза. Јас сум тренер и јас сум одговорен за составот. Во второто полувреме моите играчи направија максимални напори да се вратат во натпреварот, но не можевме да направиме ништо за да се вратиме. Не ги обвинувам играчите, тие направија многу добри работи во вториот дел”, изјави Зидан.