Тренерот на европскиот шампион Реал (М), Зинедин Зидан не сакаше да го коментира пеналот за Реал Мадрид, со која неговиот тим го исфрли Јувентус од Лигата на Шампионите.
„Ми рекоа дека е пенал. Не ја видов ситуацијата, но судијата пресуди и тоа не може да биде променето. Јас никогаш не се расправам со судиите и си имам свои причини за тоа. Едноставно не се мешам“, изјавил Зидан по средбата.
„Бевме подобар тим во 70-80 минути од мечот и заслуживме да победиме. Тешко беше што не успеавме да постигнеме гол, откако имавме толку многу шанси. Топката едноставно не сакаше да влезе во голот на Јувентус“, додаде Зидан.