Реал Мадрид вчера доби нова шлаканица од Шахтјор во 5 коло во Лигата на фудбалските шампиони. Украинците по втор пат во групата славеа против шпанскиот тим и останаа во конкуренција за првите две места што носат пламсна во фазата на елиминации.
Францускиот стратег на клупата на „белите“, Зинедин Зидан, кој не крие дека е разочаран од играта и резултатот, вели дека нема намера да поднесе оставка.
„Поминуваме нив лош период, но, мора да гледаме напред. Бевме добри во првиот дел. Но, не постигнавме погодок. Има уште еден меч, ќе одиме на победа. Нема да поднесам оставак“ – потенцира Зидан.
