Фудбалерите на Реал Мадрид денеска ќе се појават кај Гранада во рамките на 36-то коло во Примера Дивизион. Со тој меч, „кралевите“ ќе влезат во мини-серија во која ќе играат и со Вилјареал и со Леганес. Тренерот, Зинедин Зидан, верува дека неговите избраници ќе одговорат предизвиците.
„Имаме тешка седмица со три меча кои се многу значајни за нас. Сакаме да одиграме добро против Гранада а дури потоа ќе размислуваме за наредните противници“ – вели францускиот стратег.
„Мислам дека нема да има многу притисок врз играчите. Тие имаат големо искуство, наша цел е да победиме на сите средби до крајот“ – потенцираше Зидан.

