Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се договорил за соработка со Пари Сен Жермен, пишува шпанскиот „Sport.es“.
Според изворот, фудбалскиот стручњак ги договорил условите на личниот договор со парижаните и ќе застане на чело на клубот од следното лето. Раководството на ПСЖ нема доверба во актуелниот тренер на тимот, Маурисио Покетино, па се сврте кон францускиот тренер.
Зинедин Зидан (49) е без клуб од летото 2021 година, откако го напушти Реал Мадрид. Со шпанскиот тим францускиот стручњак освои 11 трофеи.

