Фудбалерите на Реал Мадрид во текот на викендот остварија голема победа на теренот на Атлетик Билбао со голот од пенал на Серхио Рамос со што ја задржаа предноста пред Барселона во трката за шампионската титула во Шпанија.
Домаќините по мечот потенцираа дека се оштетени и дека не се задоволни од судењето а идентично размислување имаше и првиот човек на Каталонците, Бартоме, кој вели дека судиите на некој начин им помагаат на „кралевите“. На тоа реагираше тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
„Лесно е да се зборува за спорните детали. Ние играме одлично и ми здосадија сите коментари дека победуваме со помош на судиските одлуки“ – вели тренерот на „белите“.