Тренерот на Реал Мардид, Зинедин Зидан изјави дека е задоволен од победата над Борусија (Менхенгладбах) од 2:0, со која Шпанците се пласираа во осминафиналето од Лигата на шампионите како победник во групата Б.
„Среќен сум. Тоа беше нашата цел – да завршиме први во групата. Ние го игравме тоа. Имавме одлична игра од првата до последната минута. Мислам дека тоа беше нашиот најдобар натпревар во сезоната. Беше важно да го освоиме првото место. За прв пат успеавме да го сториме тоа со мене како тренер“, прокоментира Зидан.
„Бев фудбалер и знам дека е невозможно да се игра така на секој натпревар. Најважно е дека тимот уште еднаш покажа дека може да се покаже одлично под притисок. Фудбалерите покажаа и претходно дека можат да играат квалитетен фудбал, но овој тим се одликува со тоа што има исклучителна можност да го даде најдоброто од себе кога е најтешко“, изјави Зидан.

