Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, потенцираше дека очекува тежок реванш со Баерн Минхен во полуфиналето на Лигата на Шампионите утре, и покрај победата од 2:1 на “Алијанц Арената”.
Баварскиот гигант се наоѓа во серија од шест последователни порази против Реал, земајќи ги предвид и победата на Реал со 4:2 по продолженија минатата сезона.
„Баерн нема комплекс од Реал. Јас барам од сите мои играчи да одиграат голем натпревар. Навивачите мора да бидат зад нас од првата до последната минута и да не поддржат како никогаш досега. За да се пласираме во финалето, треба да сме добри во сите аспекти. Ова е нашиот натпревар, натпреварот на годината “, коментира Зизу.