Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој изјави дека неговите фудбалери нема да прават шпалир пред мечот со Барселона за да го поздрават новиот фудбалски шампион на Шпанија бидејќи претходно Каталонците не направија такво нешто кога „кралевите“ ја осовија светската клупска титула, сепак посебно испочитува еден играч на противникот.
Весникот „Марк“ објави дека францускиот тренер по вчерашното реми на „Камп Ноу“, сепак, направил посебен потег откако повеќе од 5 минути чекал Андрес Иниеста да изелзе од соблекуваната за да се поздрави со него.
Познато е дека легедната на Барса вчера го одигра последното – „Ел Класико“ бидејќи на крајот на сезоната ќе се пресели во шампионатот на Кина.