Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одби да го коментира судењето по мечот со Мајорка, каде неговата екипа победи со 2:0.
Неодамна, судиите во Шпанија беа обвинети повторно за донесување одлуки во корист на Реал Мадрид во многу случаи.
„Јас нема да зборувам за тоа затоа што Рамос веќе ја кажа неопходната работа. Ни недостасуваше брилијантност против Мајорка, но делувавме многу самоуверено во одбрана и освоивме три важни бода. Рамос постигна одличен гол од слободен удар. Тој долго време практикува вакви шутеви. Тој е наш капитен и лидер, секогаш го предводи тимот. Сигурен сум дека ќе биде тешка битка со Барселона до крајот на првенството. Сега треба да се одмориме и да размислиме за следниот натпревар”, изјави Зидан по натпреварот со Мајорка.