Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, си поднесе оставка од кормилото на европскиот клупски шампион. Тоа е број еден вест од Шпанија која пристигна во попладневниве часови на изненадување на сите фанови на фудбалот.
„Донесов одлука да го напуштам тренерското столче на Реал Мадирд, тоа е чуден момент, но, потребна е промена за тимот за да продолжи да победува. Потребeн е нов правец, нова методологија и затоа се решив на еден ваков чекор“ – рече на денешната средба со новинарите францускиот стратег.
„Ја донесов одлуката бидејќи многу го сакам клубот. Мислам дека за сите инволвирани е најдобро да има промена и јас да не бидам на кормилото од наредната сезона“ – потенцираше меѓу другото Зидан кој влезе во историјата како прв тренер што успеал три години по ред да ја освои Лигата на шампионите .