Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, верува дека неговите фудбалери се подготвени за денешниот реванш меч со Челзи во полу-финалето во Лигата на шампионите. Англискиот тим има предност на хартија бидејќи првата средба на стадионот –„Алфредо ди Стефано“ заврши нерешено 1:1.
„Сите сме среќни бидејќи стигнавме на чекор до финалето. Рамос е со нас, но, ќе видиме дали ќе игра. Во секој случај ни треба капитенот, но, нема да ризикуваме“ – вели Зидан.
„Ние заслуживме да се бориме за трофејот во домашното првенство и во Лигата на шампионите. Ќе видиме до каде ќе стигнеме“ – потенцираше тренерот на Реал Мадрид пред денешниот меч во Англија.
