Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не се согласува со мислењето дека неговиот тим е фаворит во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул. Претходно, Јирген Клоп изјави дека шпанскиот клуб е подобар од неговиот , но дека тоа не му пречи.
„Ова е финале, без фаворит”, рече Зидан. „И двете екипи имаат исти шанси. Мораме да одиграме одличен натпревар за да победиме. За мене, фудбалот е едноставна игра, постојат два тима, и треба да знаете како да го победите вашиот противник и во исто време да бидете во можност да ја контролирате штетата што ќе ви ја направат. Треба да ја имаме топката што е можно подолго, но исто така ќе има и моменти на хаос. Ние треба да ги намалиме тие моменти” изјави Зидан.
За Реал и Зидан ова ќе биде трет последователен натпревар за трофејот од Лигата на Шампионите. На прашањето која е тајната, Зидан вели: „Тајната е во многу работа. Ние исто така имаме талент, но главната работа е работата. Не е лесно да се стигне до финишот и затоа сме многу среќни. За мене, ова е одлично искуство. Ова е моја страст, сакам да се натпреварувам. И кога си во Реал, можеш да постигнеш одлични работи. Уживаме во моментот. Многумина сме доживеале вакви моменти, но можеби нема да имаме повеќе вакви шасни”, продолжи тренерот на Реал Мадрид.
„Како фудбалер бев подобар од Јурген Клоп, но сега како тренер имам огромна почит кон него поради работите што ги постигна како тренер. За мене не е толку важно да ме фалат. Јас се омидувам да им кажам на моите играчи како да го дадат најдоброто од себе и да победат. Токму тоа и ми се допаѓа“ заврши Зидан во изјавата на прес-конференцијата пред натпреварот кој се игра утре во Киев од 20.45 часот.