Египетскиот бизнисмен Нахиб Савирис соопшти дека поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе го преземе националниот фудбалски тим на Катар.
Французинот ќе потпише 4-годишен договор и ќе го подготви составот за Светското првенство 2022 кое ќе се одржи токму во Катар. Според информацијата, годишната плата на Зидан ќе биде 50 милиони евра.
„Зидан ќе го предводи националниот тим на Катар и ќе почне да го подготвува за Светското првенство во 2022 година. Плата – 50 милиони евра, договор за четири години. Парите одлучуваат сè?“, Напиша Савирис на “Твитер”.