Реал Мадрид беше пред вториот последователен пораз во Лигата на шампионите, но стигна до бодот на гостувањето кај Борусија (Менхенгладбах) со головите на Карим Бензема и Каземиро во самиот финишод натпреварот. По натпреварот, тренерот на кралскиот клуб Зинедин Зидан изјави дека неговиот тим дури заслужил победа.
„Резултатот зборува за карактерот на тимот. Ние го заслуживме ремито, па дури и повеќе од тоа. Бодот е многу важен за нас. Секако, ситуацијата во групата е тешка, но минатата година бевме во иста ситуација. Играчите не се предадоа до крајот и тие покажаа добар фудбал, сигурен сум дека ќе ги оставиме проблемите зад себе.Треба да се справиме со заморот. Сезоната ќе биде тешка за секого, сепак треба да бидеме горди на резултатот, затоа што освоивме бод од тешко гостување“, изјави Зидан.
„Натпреварот беше квалитетен. Нема лесни противници во Лигата на шампионите. Ако играме на овој начин, ќе одиме напред”, додаде тренерот на Реал.

