Фудбалерот на Наполи, Пјотр Зиелински, добил одлична понуда да замине во шампионатот на Саудиска Арабија.
Затоа претставници на полскиот репрезентативец започнале во преговори со екипата на Ал-Ахли. 29-годишниот играч добил можност да потпише договор до 2026 година со плата од 15 милиони евра по сезона.
Доколку се согласи, медиумите тврдат дека нема да има проблеми во преговорите меѓу Ал Ахли и Наполи за неговата трансферна сума.