Крилниот играч на Челзи, Хаким Зиеш, може да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид, тврда медиумите во Шпанија.
Според истите, 27-годишниот Мароканец има проблеми со адаптацијата во Лондон и не е дел од идните планови на новиот менаџер Томас Тухел. Атлетико може да го купи Зиеш доколку ги продадат непотребните играчи во клубот за време на летниот преоден рок. Мароканецот се пресели во Челзи од Ајакс летото 2020 година за 40 милиони евра.
Во сезоната 2020/21, играчот има 22 натпревари за „сините“, со 2 гола и 4 асистенции во сите натпреварувања, а неговата вредност во моментов се проценува на 45 милиони евра.

