Првите луѓе на фудбалскиот состав Баерн Минхен, планираат текот на летниот трансфер период да го ангажираат во напаѓачот на Ајакс, Хаким Зијач, кој треба да биде засилување по страничните позиции.
Баварците до крајот на тековниот шампионат ќе се борат за титулата во Бундес лигата и паралелно ќе размислуваат за новите имиња за наредната сезона.
Германскиот првак откако го договори трансферот на Лукас Хернандез од Атлетико Мадрид за сума од 80 милиони евра, сега е подготвен да плати 60 милиони за да го обезбеди потписот на младиот фудбалер на Ајакс.