Одредени медиуми во Англија пишуваат дека играчот на Челзи, Хаким Зијеш има голема желба да се врати во Холандија односно во Ајакс.
Да потсетиме дека кон крајот на јуни месец Мароканецот падна на лекарските прегледи и му пропадна трансферот во саудискиот Ал-Наср. Бидејќи Челзи нема да смета на него, јасно е дека во најкус можен рок ќе треба да си најде клуб каде ќе ја продолжи кариерата.
Последните информации велат дека саудиските клубови Ал-Ахли и Ал-Шабаб пројавуваат интерес за овој фидбалер.