Играчот на средниот ред на Манчестер Сити, Александар Зинченко се уште е главната опција за засилување на Бетис пред завршувањето на летниот трансфер период. Агентите на украинскиот фудбалер веќе биле на нова рунда преговори со Шпанците.
21-годишниот играч ја чека конечната одлука на Манчестер Сити. Англискиот клуб се уште размислува дали Зинченко треба да биде ослободен по повредата на Кевин де Бруин, кој ќе биде надвор од терените околу три месеци.