Генералниот директор на УФА, Шамил Газизов, го оцени настапот на фудбалерот од средниот ред на украинската репрезентација, Олександар Зинченко, на вчерашниот меч со Шведска. Украинците продолжија понатаму на ЕП и сега ги чека мечот со Англија.
„Секако, му пишавме на Саша и му честитавме за успешниот натпревар. Зинченко беше најдобар на теренот против Швеѓаните, тој го донесе тимот во четвртфиналето на Евро 2020 – резултатот зборува сам за себе. Го видов интервјуто по натпреварот, каде Саша зборуваше низ солзи … Јас го разбирам совршено“ – вели Газизов.
„Тоа беше тежок момент, емоциите се огромни – тоа е нормално“ – рече Газизов.

