Украинскиот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Александар Зинченко со голема веројатност кариерата ќе ја продолжи во друг англиски клуб. Во следниве 24 часа, Зинченко треба да потпише договор со новиот англиски премиерлигаш Вулверхемптон, кој бара универзален играч кој може да затвори неколку позиции.
Според медиумите, “волците” веќе се согласиле да го купат Украинецот, а согласност веќе имаат и од раководството на Манчестер Сити. Последниот збор ќе го има фудбалерот, кој ќе мора многу брзо да одлучи, затоа што утре се затвора трансфер периодот.
Ако биде постигнат, трансферот на Зинченко во Вулверхемптон ќе изнесува околу 16 милиони евра.