Зинедин Зидан ќе се врати како спасител во Реал Мадрид и ќе го преземе тимот како прв тренер. Ова беше објавено во исклучиво популарната шпанска телевизиска емисија „Jugones на La Sexta TV“, подоцна веста беше потврдена од страна на водечките шпански медиуми „Марка“ и „АС“.
Од „Сантијаго Бернабеу“ одлучиле дека Сантијаго Солари не треба повеќе да го води тимот, а вечерва ќе го објават името на францускиот тренер и тој уште утре ќе го води тренингот на првиот тим. Зидан одговорил позитивно на второто барање на Флорентино Перез. Тој ќе потпише договор до летото 2022 година.
Французинот беше првиот избор на Флорентино Перез и претседателот на кралскиот клуб успеа да го убеди да се врати. „Жужу“ се повлече од Реал Мадрид по крајот на минатата сезона, откако под негово водство Реал Мадрид освои три последователни финалиња во Лигата на шампионите. Тој со таа одлука ги шокираше мадиридистите, објавувајќи ја својата одлука неколку дена по триумфот на Реал во Киев. Зидан тогаш рече дека се чувствува исцрпено и не може да ги мотивира неговите играчи за поголем успех.
Според веќе направената пресметка , Зинедин Зидан ќе се врати на „Бернабеу“ по девет месеци и осум дена по неговото официјално повлекување. После него, Реал Мадрид имаше двајца тренери – Јулен Лопетеги и Сантијаго Солари. Аргентинецот веќе се збогуваше со сите во тренинг кампот на Реал, очекувајќи ја веста за своето разрешување.