Македонскиот каратист Давид Петков го освои златниот медал на Европските универзитетски игри во Лоѓ, Полска, откако во финалето го соволада Гарбиел Паула Матијас од Португалија со 4:1.
Нашата Универзитетска репрезентација е предводена од селекторот Бошко Заборски кој истакна дека Петков цело време доминирал. Ова е првиот златен медал за Македонија на Европските универзитетски игри, претходно Ангела Мојсовска се закити со бронза.
Сега го чекаме настапот на машкиот кумите тим во финалето каде ќе се бори за златен медал.
Ова е голем успех, еден златен медал, уште едно финале и една бронза
На игрите се пријавени 5000 студенти од 400 европски универзитети од 40 државии тие ќе се натпреваруваат во 20 различни спортови.
Резултати – Европски универзитетски игри:
-67 кг
Давид Петков – Микита Румијанцев (Украина) 3-0
Давид Петков – Михал Јанчевски (Полска) 3-0
Давид Петков – Џоби Вилсон (В. Британија) 1-0
Давид Петков – Валентин Најда (Украина) 2-0
Финале
Давид Петков – Гарбиел Паула Матијас (Португалија) 4-1