Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски и претседателот на ИОК, д-р Томас Бах, по повод 30 годишнината од основањето на МОК и 51-то Генерално Собрание на Европските олимписки комитети остварија работна средба на која беа договорени многу нови проекти за МОК.
Во исто време, Претседателот Бах ја отвори Лабораторијата на МОК за постигнување на врвни спортски резултати, која е создадена да го следи психо-физичкиот развој на најдобрите македонски спортисти, но и да го унапреди истиот, како и да ги дијагностицира и менаџира однапред сите можни спортски повреди.
Претседателот на ИОК, Томас Бах на претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски му ја врачи престижната награда – ИОК трофеј “Олимписка куќа“. Претседателите Бах и Димевски, заедно со претседателот на Европскиот олимписки комитет, Спирос Капралос, остварија средба и со претседателот на државата, д-р Стево Пендаровски.


