Голманот, Јан Зомер, кој имаше добри интервенции на вчерашниот меч со ПСЖ одигран во фазата на елиминации во Лигата на шампионите, вели дека неговиот Берн Минхен одиграл одлично и дека победата од 1-0 е сосема заслужена.
Германскиот состав со голот на Коман успеа да си обезбеди предност за реваншот во Германија кој ќе биде одигран на 8 март.
„Одлично се браневме и имавме контрола на играта во првото полувреме. Наша цел е да се пласираме во четврт-финалето иако знаеме дека реваншот нема да биде лесен“ – вели интернационалецот од Швајцарија.