Голманот на Интер, Јан Зомер, не крие дека е многу среќен што неговиот тим влезе во големото финале во Лигата на шампионите.
„Многу сум среќен, одигравме неверојатен натпревар. Која одбрана ќе ја паметам? Последната против Ламине Јамал. Тој е одличен играч и за среќа не постигна гол“ – рече Зомер.
„Навистина сум горд на нашиот тим и на тоа како игравме. Немате многу шанси да стигнете до финале во Лигата на шампионите. Дадовме сè на теренот“, додаде Зомер.

