Борусија Менхенгладбах го обнови договорот на Јан Зомер до летото 2023 година. Веста беше официјално објавена денес.
Швајцарскиот репрезентативец игра за тимот од Менхенгладбах од 2014 година, а кариерата ја започна во Базел.
„Тој совршено ни одговара во нашиот стил и е еден од најдобрите голмани во Европа. Тој е врвен голман и одлично се вклопува во составот“, рече спортскиот директор на германскиот клуб Макс Еберл.
Зомер пристигна на „Борусија Парк“ за да го замени Марк-Андре Тер Штеген, кој се пресели во Барселона пред пет години. „Тој е важен лик за нашиот тим, јас сум среќен за неговата одлука”, рече тренерот на Борусија Менхенгладбах – Марко Розе.