Голманот на Интер, Јан Зомер објави дека ја завршува кариерата во швајцарската репрезентација. Тој го имаше своето деби во мај 2012 година.
Од 2014 година, Зомер играше на три европски и две светски првенства како број 1 на голот на Швајцарија. Неговиот последен натпревар со швајцарскиот тим беше во четврт-финалето на Евро 2024, каде што тимот загуби на пенали од Англија.
„Беше чест и привилегија да ја претставувам мојата земја на највисоко ниво во изминатите 12 години“, рече 35-годишниот Зомер во соопштението објавено на веб-страницата на Швајцарската фудбалска асоцијација.
„Со завршувањето на ЕП 2024 во нашата соседна земја Германија, каде што поминав незаборавни години во Бундеслигата, време е да се збогуваме“, додаде Зомер.
Покрај Интер, голманот во кариерата го чуваше голот и за германските Борусија (Менхенгладбах) и Баерн (Минхен), како и за Базел, Вадуз и Грасхоперс во шампионатот на својата татковина.

