Новото засилување на Барселона, Дани Олмо веќе е претставен како играч на шпанскиот клуб, но има причина зошто допрва ќе дебитира.
Олмо беше официјално најавен како фудбалер на Каталонците на 9 август, преминувајќи од Ред Бул Лајпциг за сума од 51 милион фунти.
Сепак, Шпанецот допрва треба да игра за својот нов клуб и ги пропушти првите три натпревари од сезоната. Но, која е причината што Олмо сè уште не игра за Барселона и кога може да дебитира?
Всушност, Дани Олмо се уште не е регистриран од клубот поради финансиските ограничувања кои ги наметнаа на Барселона. Претставниците на клубот се надеваа дека ќе успеат да ја завршат зделката навреме за официјално да го пријават својот нов играч пред вчерашниот натпревар од Ла Лига против Атлетик Билбао, но на крајот тоа не се случи.
Според експертот за трансфери, Фабрицио Романо, Барселона работи на трансфер на најмалку тројца играчи кои ќе го напуштат Ноу Камп. Завршувањето на која било од појдовните зделки ќе генерира финансиска можност за Барселона да го регистрира Олмо.

