Фудбалерот, Никлас Зуле, ќе ја продолжи кариерата во Дортмунд откако германскиот репрезентативец ги одби понудите за нов договор со Баерн и ја прифати понудата за четиригодишна соработка со „милионерите“.
Одличниот дефанзивец реши на крајот од договорот да си замине како слободен играч од „Алијанц Арена“.
Деновиве се шпекулираше дека корпулентниот играч добил понуда и од англискиот Њукасл.